“Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ е проект чија што генерална цел е да ги зајакне медиумите и граѓанските организации и да овозможи амбиент за остварување на слободата на изразување и медиумски интегритет како клучен елемент за понатамошна поддршка на Р.М. во процесот на пристапување во Европска Унија (ЕУ).

Проектот е финансиран од страна на Европска Унија, програма Поддршка на граѓанските организации во рамките на граѓанското општество и слободата на медиумите 2014 и кофинансиран од Британска амбасада Скопје. Проектот “Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ е имплементиран од „Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.

Специфични цели на проектот се:

  • да се подобрат условите за квалитетно и достојно за доверба истражувачко новинарство кое ќе биде на располагање на граѓаните во областа на човековите права и судството (Поглавје 23 и 24 од правото на ЕУ);
  • Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации кои работат во областа на слободата на изразување и медиумите, подобрување на нивното влијание врз процесот на креирање политики во однос на слободата на медиумите и да се подобри нивната соработка преку воспоставување на платформа за дијалог;
  • Да се придонесе кон овозможување на правна, регулативна и политичка клима за остварување на слободата на изразување и медиумскиот интегритет.

Резултати на проектот:

  • Зајакнат интегритет на медиумите и професионалност на новинарите и медиумските здруженија;
  • Зајакнати капацитетите на граѓанските организации во областа на слободата на изразување и медиумите;
  • Засилено влијание врз процесот на креирање политики во врска со слободата на медиумите, како и подобрување на соработката преку воспоставување на платформа за дијалог;
  • Стимулирана потреба за квалитетно новинарство;
  • Подобрени услови за квалитетот на истражувачкото новинарство преку современи / иновативни пристапи во областа на човековите права и судството (Поглавје23 и 24);
  • Зголемена медиумската писменост и разбирање на улогата на професионалното и на етичкото новинарство во печатените и електронските медиуми;
  • Унапредена и усвоена политика и законски предлози во согласност со начелата на ЕУ за “квалитетни закони”, утврдени во Европската правна практика и индикаторите наведени во резолуциите на Советот на Европа кои се однесуваат на недостатоците