6-та Ѕвезда

6-та Ѕвезда е граѓанска организација основана во 2006 година како резултат на ентузијазмот и желбата за промени во општеството на неколку млади луѓе. Состојбите во општеството тогаш, а може да се каже денес уште повеќе, го ставаат граѓанинот и неговите потреби во втор план. Желбата на секој човек е да живее оптимално, во благосостојба и да може непречено да создава вредности за себе и за својата околина. Нашата визија е преку унапредување на општествените процеси во Македонија, во областите на човековите права, социјалната заштита, енергетската ефикасност, преку зголемување на информатичката писменост, комуникација и култура да придонесеме кон градење на општество и здрава животна средина и да ги зајакнеме капацитетите на граѓаните за да го изборат своето заслужено место на највисоката точка на приоритетите во системот. Истражувачките стории се објавуваат на порталот Сакам да кажам, а се изработуваат во рамки на договорот„Нераскажани приказни – Специјален тим за медиумска промоција на граѓанските иницијативи за заштита направата на маргинализираните заедници“ поддржан од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR Веб страна: www.6thstar.org

Load More