Цитадела 16-Скопје

Здружението за истражувачко новинарство и слобода на медиумите Цитадела 16-Скопје (скратено Цитадела 16-Скопје) е основано 2013 година. Здружението има неколку главни цели на делување и тоа: промовирање на слободата не медиумите, заштита и остварување на правата на новинарите кои работат на полето на истражувачкото новинарство. Здружението е посветено на практична едукација на млади кадри од студиите по новинарство, како и поттикнување на независни и слободни медиуми во согласност со Уставот и законите на Р. Македонија. Цитадела работи на обезбедување на поволна средина за работа и развој на независни медиуми и како еден од основните темели на демократско општество. Цитадела соработува со бројни медиуми и невладини организации од областа на медиумите и слободата на изразување. Партнери на Цитадела се Македоснки инситут за медиуми, Совет за етика, ЗНМ. Во рамки на проектот „Поглед кон изградбата на патната инфраструктура“, кој Цитадела 16 го спроведува во соработка со Фокус, се истражуваат неправилностите во транспортните инфраструктурни проекти во Република Македонија. Овие активности се поддржани од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.
Load More