Центар за управување со промени (ЦУП)

Здружението за развој, Центар за управување со промени (ЦУП) е непрофитна, невладина организација која промовира разбирање и ненасилни промени во општеството. Организацијата се фокусира на мерки и политики кои им помагаат на различни ентитети да ги прифатат промените во општеството како нормални ситуации и да ги претворат во позитивни резултати. Организацијата верува дека зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, евро - интеграцијата и инвестирањето во луѓето се главни агенти за промена во општеството. Нашите цели и задачи се:

 

  • Јакнење на административните капацитети на јавната администрација
  • Инвестиција и развој во персонал/ луѓе
  • Европска интеграција и регионална соработка
  • Управување со јавни промени и одржување развој
  • Еднакви можности и недискриминација
  • Автоматизација на процеси
  • Соработка со другите правни и физички лица, меѓународни организации, државни тела, институции, невладини организации и приватен сектор за реализација и постигнување на целите на организацијата.

Поддржуваме демократија и отворени идеи во различни сектори во општеството. Ги базираме нашите проекти на методот планирај, реализирај, провери и делувај.