Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ

Организацијата работи во полето на развојот на професионалните вештини на новинарите, го поддржува зајакнувањето на образованието на новинари, како и соработката меѓу новинари во Република Македонија. Исто така, организацијата обезбедува професионални образовни програми во областа на новинарството (истражување, следење и анализа), а воедно спроведува и специјализирани обуки за односи со јавноста за претставници на граѓанското општество, како и на единиците на секторот на локалната самоуправа и бизнис. “Анти-корупциски вести на локални медиуми” e поддржан од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR. Истражувачките стории на МЕДИУМ ќе бидат покриени преку медиумите: TV Dva, TV Koha, TV Golbi, TV Kiss и TV Uskana.

Load More