Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија

Мисијата на Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија е употреба на алатки за истражувачко новинарство со цел намалување на корупцијата и подобрување на животот на граѓаните. Целта на СКУП-Македонија е поддршка на истражувачкото новинарство на разни начини, преку промоција на професионалните стандарди во новинарството, логистичка и финансиска поддршка на новинарите во реализацијата на истражувачките стории, како и тренинзи на новинарите со цел за унапредување на нивните знаења во областа на истражувачкото новинарство. СКУП-Македонија во изминативе шест години од своето постоење поддржа голем број истражувачки стории. Многу од овие стории предизвикаа импакт во општеството, покренаа поширока општествена дебата, а дел беа и наградени поради исклучителните достигнувања на полето на истражувачкото новинарство. Во своето постоење, СКУП-Македонија склучи и повеќе меморандуми за соработка со високообразовни државни и приватни институции, како и со национални, регионални и локални медиуми и невладини организации од разни сфери. Со дел од нив имаме соработувано во конкретни проекти, а во наредниот период очекуваме соработка и со нови медиуми и невладини организации, кои, исто така, ги консултираме во процесот на изработка на истражувачките стории. „Заштита на правата преку истражувачко новинарство” е поддржан од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.

Load More