Фокус

Неделниот магазин Фокус е медиумски партнер за проектот ”Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права”. Во магазинот работат реномирани и искусни новинари, чиј професионален интерес од почетокот е насочен кон истражувачкото новинарство. Фокус во континуитет критички и аналитички ги опсервира случувањата во политичкиот, економскиот и социјалниот живот во државата. Покрај печатеното издание, новинарите работат и на интернет издание кое исто така одвојува простор за истражувачките стории. Во рамките на проектот “Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права”, студентите по новинарство имаа можност да се запознаат со работата на истражувачките новинари во Фокус, како практиканти.