Телевизија Телма

Националната телевизија Телма е медиумски партнер за проектот ”Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права”. Телевизија Телма од почетокот на својата работа во 1996-тата година, успеа да изгради препознатлив лик како медиум со квалитетна информативна, културна, музичка, филмска и спортска програма. Истовремено, информативната програма на Телма се профилираше како објективна, непристрасна и професионална, во рамките на која се поддржуваат и истражувачките стории. Како дел од проектот ”Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права”, студентите по новинарство добија можност да бидат и практиканти во Телевизија Телма, каде работеа под менторство на искусни истражувачки новинари.