Плоштад Слобода

Мисијата на здружението Плоштад Слобода е развивање на алтернативна и инклузивна култура, граѓански ориентирани политики и независен граѓански активизам. Како свои цели ги издвојуваме: одржување и создавање отворени демократски јавни простори; учество во градењето на јавното мислење и во креирањето јавни политики; создавање и промоција на инклузивни културни и урбани политики; размена на теоретски и практични знаења и искуства од областа на активизмот и јавните политики; регионална контекстуализација на досегашниот активизам; поголема општествена вклученост на маргинализираните заедници, групи, идентитети. Основна цел на проектот „Судството – чувар или прекршител на човековите права?“, кој Плоштад Слобода го спроведува во соработка со Фокус, e подигнување на свеста на стручната, но и пошироката јавност, за улогата на правосудните органи во случаи на кршење на човекови права и дискриминација на политичка, етничка и социјално-економска база. Овие активности се поддржани од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.
Load More