НоваТВ

Вебпорталот НоваТВ е медиумски партнер за проектот ”Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права”. Редакцијата на НоваТВ ја сочинуваат искусни и реномирани новинари со повеќегодишно искуство во професијата. Покрај дневно-информативното новинарство, НоваТВ посветува големо внимание и на истражувачкото новинарство, реализирајќи бројни стории од овој вид. За потребите на проектот “Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права”, студентите по новинарство добија можност да соработуваат со новинарите на НоваТВ на истражувачки стории.