Метаморфозис

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Мисијата на Метаморфозис е да придонесе за развој на демократијата и подобрување на квалитетот на живеење преку иновативна примена и ширење на знаењето. Главни вредности на Метаморфозис се отвореност, еднаквост и слобода. Метаморфозис започна со работа во 1999 година како дел од програмата за електронско издаваштво на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. Во 2004 година стана посебен правен субјект кој врши истражувања, градење капацитет, јавна едукација и застапување преку програмите:

  • Човекови права во дигиталната сфера, со фокус на слобода на изразување и приватност
  • Добро владеење, со фокус на примена на ИКТ за транспарентност и отчетност
  • Општествени иновации (Отворени образовни ресурси, отворени податоци)
  • Животна средина (справување со е-отпад и зелена ИТ).

Метаморфозис е членка на низа меѓународни (ifex.org, edri.org, apc.org, actionsee.org, wsa.org.mk, europe.creativecommons.org, globalvoices.org, communia-association.org) и домашни мрежи (Платформа за борба против корупција, Платформа против говорот на омраза, Фронт за слобода на изразувањето, Граѓаните за Македонија) Метаморфозис активно работи на полето на поддршка на медиумскиот плурализам и е основач на независната Новинска агенција Мета.мк и порталот за вести на албански јазик Порталб кои функционираат како автономни редакции. „Кој им ги врзува рацете на новинарите и како да се одврзат?” е поддржан од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.

Load More