h2>Институтот за човекови права (ИЧП) Институтот за човекови права (ИЧП) е партнер во имплементацијата на проектот и е здружение на граѓани лоцирано во Скопје, основано во 2009г. со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност и анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија и дискусии за општата јавност со цел зајакнување на капацитетите и механизмите за промовирање, гарантирање и заштита на човековите слободи и права. ИЧП ги остварува своите активности во соработка со државни органи и институции, граѓански организации од Р.М. како и регионални и меѓународни институции и организации од областа на заштитата на човековите права.
Load More