Диверзити Медиа

Диверзити Медиа е непрофитна организација формирана со мисија да го унапреди професионалното новинарство, да придонесе кон поголема слобода на говорот, и да даде поддршка на демократијата и плурализмот во Македонија. Диверзити Медиа ја застапува идејата дека граѓаните се суштината на политичкиот и општествениот живот, поради тоа, организацијата ќе им помага на граѓаните да биде дел од важни дебати, особено на оние граѓани кои припаѓаат на немнозинските и маргинализираните групи. Основачите се поранешни новинари на британскиот јавен сервис Би-Би-Си. Во своите продукти и активности настапува двојазично на македонски и албански јазик. Во својата работа досега имала меѓународна соработка преку работа на проекти со партнери од Чешка и Бугарија. Во Македонија, главни партнери се медиумите преку мрежа на 19 партнерски радио станици, на регионално и локално ниво. А на национално ниво, преку националната телевизија АЛСАТ-М, каде се емитуваат јавните дебати и соработници веб портали. Истражувачките стории се изработени во рамки на договорот „Истражувачи во акција”, поддржан од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.

Load More