Здружение на граѓани Асоцијација за Креативна Тактика АКТ

Организација за придонес кон развојот на креативната мисла, општествената активност и стремежот кон промена преку имплементација на новите информациони и комуникациони технологии до подобар живот.

Истражувачките стории на се објавуваат на веб порталот НоваТВ, а сеизработени во рамки на проектот „Блоговите и социјалните мрежи како алатка и платфорфма за истражувачкото новинарство во сферата на правосудството и човековите права” поддржан од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.

6-та Ѕвезда

6-та Ѕвезда е граѓанска организација основана во 2006 година како резултат на ентузијазмот и желбата за промени во општеството на неколку млади луѓе.

Состојбите во општеството тогаш, а може да се каже денес уште повеќе, го ставаат граѓанинот и неговите потреби во втор план. Желбата на секој човек е да живее оптимално, во благосостојба и да може непречено да создава вредности за себе и за својата околина.

Нашата визија е преку унапредување на општествените процеси во Македонија, во областите на човековите права, социјалната заштита, енергетската ефикасност, преку зголемување на информатичката писменост, комуникација и култура да придонесеме кон градење на општество и здрава животна средина и да ги зајакнеме капацитетите на граѓаните за да го изборат своето заслужено место на највисоката точка на приоритетите во системот.

Истражувачките стории се објавуваат на порталот Сакам да кажам, а се изработуваат во рамки на договорот„Нераскажани приказни – Специјален тим за медиумска промоција на граѓанските иницијативи за заштита направата на маргинализираните заедници“ поддржан од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR

Веб страна: www.6thstar.org

E-mail: sixthstar@gmail.com

Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ

Организацијата работи во полето на развојот на професионалните вештини на новинарите, го поддржува зајакнувањето на образованието на новинари, како и соработката меѓу новинари во Република Македонија.

Исто така, организацијата обезбедува професионални образовни програми во областа на новинарството (истражување, следење и анализа), а воедно спроведува и специјализирани обуки за односи со јавноста за претставници на граѓанското општество, како и на единиците на секторот на локалната самоуправа и бизнис.

“Анти-корупциски вести на локални медиуми” e поддржан од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR. Истражувачките стории на МЕДИУМ ќе бидат покриени преку медиумите: TV Dva, TV Koha, TV Golbi, TV Kiss и TV Uskana.

Метаморфозис

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Мисијата на Метаморфозис е да придонесе за развој на демократијата и подобрување на квалитетот на

живеење преку иновативна примена и ширење на знаењето. Главни вредности на Метаморфозис се отвореност, еднаквост и слобода.

Метаморфозис започна со работа во 1999 година како дел од програмата за електронско издаваштво на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Во 2004 година стана посебен правен субјект кој врши истражувања, градење капацитет, јавна едукација и застапување преку програмите:

  • Човекови права во дигиталната сфера, со фокус на слобода на изразување и приватност
  • Добро владеење, со фокус на примена на ИКТ за транспарентност и отчетност
  • Општествени иновации (Отворени образовни ресурси, отворени податоци)
  • Животна средина (справување со е-отпад и зелена ИТ).

Метаморфозис е членка на низа меѓународни (ifex.org, edri.org, apc.org, actionsee.org, wsa.org.mk, europe.creativecommons.org, globalvoices.org, communia-association.org) и домашни мрежи (Платформа за борба против корупција, Платформа против говорот на омраза, Фронт за слобода на изразувањето, Граѓаните за Македонија) Метаморфозис активно работи на полето на поддршка на медиумскиот плурализам и е основач на независната Новинска агенција Мета.мк и порталот за вести на албански јазик Порталб кои функционираат како автономни редакции.

„Кој им ги врзува рацете на новинарите и како да се одврзат?” е поддржан од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.

Диверзити Медиа

Диверзити Медиа е непрофитна организација формирана со мисија да го унапреди професионалното новинарство, да придонесе кон поголема слобода на говорот, и да даде поддршка на демократијата и плурализмот во Македонија.

Диверзити Медиа ја застапува идејата дека граѓаните се суштината на политичкиот и општествениот живот, поради тоа, организацијата ќе им помага на граѓаните да биде дел од важни дебати, особено на оние
граѓани кои припаѓаат на немнозинските и маргинализираните групи.

Основачите се поранешни новинари на британскиот јавен сервис Би-Би-Си. Во своите продукти и активности настапува двојазично на македонски и албански јазик. Во својата работа досега имала меѓународна соработка преку работа на проекти со партнери од Чешка и Бугарија. Во Македонија, главни партнери се медиумите преку мрежа на 19 партнерски радио станици, на регионално и локално ниво. А на национално ниво, преку националната телевизија АЛСАТ-М, каде се емитуваат јавните дебати и соработници веб портали.

Истражувачките стории се изработени во рамки на договорот „Истражувачи во акција”, поддржан од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.

Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија

Мисијата на Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија е употреба на алатки за истражувачко новинарство со цел намалување на корупцијата и подобрување на животот на граѓаните.

Целта на СКУП-Македонија е поддршка на истражувачкото новинарство на разни начини, преку промоција на професионалните стандарди во новинарството, логистичка и финансиска поддршка на новинарите во
реализацијата на истражувачките стории, како и тренинзи на новинарите со цел за унапредување на нивните знаења во областа на истражувачкото новинарство.

СКУП-Македонија во изминативе шест години од своето постоење поддржа голем број истражувачки стории. Многу од овие стории предизвикаа импакт во општеството, покренаа поширока општествена дебата, а дел беа и наградени поради исклучителните достигнувања на полето на истражувачкото новинарство.

Во своето постоење, СКУП-Македонија склучи и повеќе меморандуми за соработка со високообразовни државни и приватни институции, како и со национални, регионални и локални медиуми и невладини организации од
разни сфери. Со дел од нив имаме соработувано во конкретни проекти, а во наредниот период очекуваме соработка и со нови медиуми и невладини организации, кои, исто така, ги консултираме во процесот на
изработка на истражувачките стории.

„Заштита на правата преку истражувачко новинарство” е поддржан од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.

Цитадела 16-Скопје

Здружението за истражувачко новинарство и слобода на медиумите Цитадела 16-Скопје (скратено Цитадела 16-Скопје) е основано 2013 година. Здружението има неколку главни цели на делување и тоа:
промовирање на слободата не медиумите, заштита и остварување на правата на новинарите кои работат на полето на истражувачкото новинарство. Здружението е посветено на практична едукација на млади кадри од студиите по новинарство, како и поттикнување на независни и слободни медиуми во согласност со Уставот и законите на Р. Македонија.

Цитадела работи на обезбедување на поволна средина за работа и развој на независни медиуми и како еден од основните темели на демократско општество.

Цитадела соработува со бројни медиуми и невладини организации од областа на медиумите и слободата на изразување. Партнери на Цитадела се Македоснки инситут за медиуми, Совет за етика, ЗНМ.

Во рамки на проектот „Поглед кон изградбата на патната инфраструктура“, кој Цитадела 16 го спроведува во соработка со Фокус, се истражуваат неправилностите во транспортните инфраструктурни проекти во Република Македонија. Овие активности се поддржани од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.

Плоштад Слобода

Мисијата на здружението Плоштад Слобода е развивање на алтернативна и инклузивна култура, граѓански ориентирани политики и независен граѓански активизам. Како свои цели ги издвојуваме: одржување и создавање отворени демократски јавни простори; учество во градењето на јавното мислење и во креирањето јавни политики; создавање и промоција на инклузивни културни и урбани политики; размена на теоретски и практични знаења и искуства од областа на активизмот и јавните политики; регионална контекстуализација на досегашниот активизам; поголема општествена вклученост на маргинализираните заедници, групи, идентитети.

Основна цел на проектот „Судството – чувар или прекршител на човековите права?“, кој Плоштад Слобода го спроведува во соработка со Фокус, e подигнување на свеста на стручната, но и пошироката јавност, за улогата на правосудните органи во случаи на кршење на човекови права и дискриминација на политичка, етничка и социјално-економска база. Овие активности се поддржани од проектот „Истражувачко новинарство чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од ЕУ и Британската амбасада, а спроведуван од „Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management“ и Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR.

Институтот за човекови права (ИЧП)

Институтот за човекови права (ИЧП) е партнер во имплементацијата на проектот и е здружение на граѓани лоцирано во Скопје, основано во 2009г. со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност и анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија и дискусии за општата јавност со цел зајакнување на
капацитетите и механизмите за промовирање, гарантирање и заштита на човековите слободи и права. ИЧП ги остварува своите активности во соработка со државни органи и институции, граѓански организации од Р.М. како и регионални и меѓународни институции и организации од областа на заштитата на човековите права.