Правен речник/поимник за корупција за истражувачко новинарство
Правниот речник/поимник е изработен во рамки на проектот „Заедно во борба против корупцијата”, имплементиран од Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија, а во соработка со партнерските организации Институт за човекови права од Скопје и Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ. Проектот „Заедно во борба против корупцијата” е финансиран од Делегација на Европска Унија, преку ИПА програмата – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2016 – 2017. Правниот речник/поимник пред сѐ е наменет за новинарите, уредниците и медиумските работници кои учествуваат во создавањето на новинарски содржини и истражувачки стории чија цел е намалување на коруптивните дејствија. Речникот е достапен на следниот линк.