Истражи Факти

Top Menu

  • English

Main Menu

  • Почетна
  • Истражувања
  • Области
    • Ветерина и безбедност на храна
    • Економија и бизнис
    • Енергија
    • ЕУ интеграција
    • Животна средина
    • Здравство
    • Земјоделство
    • Информатичка технологија
    • Јавна администрација
    • Јавни набавки
    • Конкурентност
    • Корупција
    • Локална самоуправа и регионален развој
    • Медиуми
    • Надворешна политика
    • Наука
    • Образование
    • Одбрана и безбедност
    • Правосудство
    • Социјална политика
    • Статистика
    • Транспорт
    • Финансии и банкарство
    • Царини и даноци
    • Човекови права
  • Соработници
    • Центар за управување со промени (ЦУП)
    • 6-та Ѕвезда
    • Диверзити Медиа
    • Здружение на граѓани Асоцијација за Креативна Тактика АКТ
    • Институтот за човекови права (ИЧП)
    • Метаморфозис
    • Плоштад Слобода
    • Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија
    • Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ
    • Цитадела 16-Скопје
    • Телевизија Телма
    • Фокус
    • НоваТВ
  • Видео
  • Обуки
  • За Нас
  • Контакт
  • English

logo

Header Banner

Истражи Факти

  • Почетна
  • Истражувања
  • Области
    • Мeдиумскиот простор нереформиран, сменети начините на контрола и влијание

      мај 8, 2020
      0
    • ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА: Излегуваат на виделина „грешките“ во скапите набавки на медицинска опрема

      март 12, 2020
      0
    • Извади ја корупцијата од под тепих

      февруари 5, 2020
      0
    • ТРЕТ МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РСМ

      февруари 5, 2020
      0
    • Годишна конференција

      јануари 24, 2020
      0
    • ВТОР МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РСМ

      јуни 28, 2019
      0
    • ЕДНИ ФИРМИ ШИЈАТ, ДРУГИ KЕШИРААТ

      јуни 10, 2019
      0
    • Прв мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на РМ

      јануари 4, 2019
      0
    • Прес-конференција за работата на Државното правобранителство на РМ

      декември 25, 2018
      0
    • Ветерина и безбедност на храна
    • Економија и бизнис
    • Енергија
    • ЕУ интеграција
    • Животна средина
    • Здравство
    • Земјоделство
    • Информатичка технологија
    • Јавна администрација
    • Јавни набавки
    • Конкурентност
    • Корупција
    • Локална самоуправа и регионален развој
    • Медиуми
    • Надворешна политика
    • Наука
    • Образование
    • Одбрана и безбедност
    • Правосудство
    • Социјална политика
    • Статистика
    • Транспорт
    • Финансии и банкарство
    • Царини и даноци
    • Човекови права
  • Соработници
    • Центар за управување со промени (ЦУП)
    • 6-та Ѕвезда
    • Диверзити Медиа
    • Здружение на граѓани Асоцијација за Креативна Тактика АКТ
    • Институтот за човекови права (ИЧП)
    • Метаморфозис
    • Плоштад Слобода
    • Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија
    • Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ
    • Цитадела 16-Скопје
    • Телевизија Телма
    • Фокус
    • НоваТВ
  • Видео
  • Обуки
  • За Нас
  • Контакт
  • ВТОР МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ДРЖАВНОТО ПРАВОБРАНИТЕЛСТВО НА РСМ

  • Прв мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на РМ

  • Прес-конференција за работата на Државното правобранителство на РМ

  • Правен речник/поимник за корупција за истражувачко новинарство

  • Коментари на предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица

6-та ЅвездаСоцијална политикаЧовекови права
Home›Соработници›6-та Ѕвезда›НИЗ МАКЕДОНИЈА САМИ МИНАЛЕ 18.349 ДЕЦА БЕГАЛЦИ, СО СЕМЕЈСТВАТА ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОБЕДИНИЛЕ САМО ТРИ

НИЗ МАКЕДОНИЈА САМИ МИНАЛЕ 18.349 ДЕЦА БЕГАЛЦИ, СО СЕМЕЈСТВАТА ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОБЕДИНИЛЕ САМО ТРИ

By Aleksandar Mancevski
декември 14, 2016
1392
0
Share:

Од јуни 2015  досега, според МВР, во Македонија како бегалци допатувале 18.349 деца без родител или старател.  Процедурите налагаа на ваквите деца, поради опасноста од трговија со луѓе,  да не им се дозволи да го продолжат патот туку да бидат задржани кај нас, да им се одреди старател кој понатаму ќе доенесе одлука што е најдобро за детето.  Искуството покажа дека старателите, ако биле назначени, секогаш одлучувале децата  да го продолжат патот, а само во еден случај одлучиле дека најдобро за детето е да остане кај нас и да се смести во семејство.

„По однос на обликот на вонинституционална заштита на непридружувани малолетни деца странци (сместување во згрижувачко семејство) во текот на мигрантската криза само во еден случај е донесено решение за ваков тип на сместување. Во сите останати случаи, пред сѐ поради јазичната бариера, се одлучуваше децата да бидат сместувани на друго место каде веќе беа сместени деца кои се од тоа јазично подрачје и каде им се нудеше соодветен тип на грижа и психосоцијално советување“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Претставници од Министерството кои секојдневно работеа и сѐ уште работат во транзитните центри, велат дека направиле стотици интервјуа со децата бегалци, со вкрстени прашања и долготрајни разговори и секогаш заклучокот бил дека во најдобар интерес на детето е да го продолжи патот. По неколкудневен престој кај нас, додека траеле интервјуата, децата сепак го продолжувале патот. Како нивна придружба најчесто се јавувале други бегалци чија последна дестинација била како и онаа на детето, за да можат да го продолжат патувањето.

Тоа е причината поради која сега Македонија знае каде се само четири од децата без родител или старател кои што минале низ нашата држава. Едно од нив е сместено во семејство кај нас, а три со помош на Црвен крст се обединиле со семејства во Германија.

Официјално, Министерството за труд и социјална политика, пак, вели дека работеле и на обединување на семејствата.

„По однос на семејното обединување, кое еден од најдобрите интереси на детето, во изминатиот период се направени неколку постапки за семејно обединување каде Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – старателот на детето по службена должност и Службата за барање на Црвениот крст на Македонија успеа да воспостават контакти со семејствата на овие деца и согласно законските процедури се направи семејно обединување на овие лица“, велат од Министерството.

Од Црвен крст потврдија дека направиле обединување со семејствата на деца кои кај нас допатувале без придружба, но само во три случаи.

„Иако бројката на сите им личи мала, се работи за многу долги и сложени процедури. Се чекаат потврди и одобренија од различни стани, но успеавме во три случаи да ги комплетираме сите потребни документи. Децата се споија со семејствата. Сите три се во Германија“, вели Валентина Колеска, координатор на службата за воспоставување семејни врски на Црвениот крст на Република Македонија. Таа нагласи дека работеле само на три случаи оти толку од нив побарало Министерството за труд.

Бројката од 18.349 деца без придружба ја потврдија и од УНХЦР. Од таму откриваат дека оваа бројка не е реална бројка на деца кои влегле во Македонија сами, без родител или старател, но така се заведени поради грешка во начинот на евидентирање.

„Грците ги регистрирале на поединечни документи и децата кои патувале со родители, па кога доаѓале во ’Винојуг’ врз основа на грчкиот документ биле заведувани како деца без родител или старател  иако патувале со семејството.  Во разговори со бегалците го утврдивме пропустот и веднаш ги алармиравме одговорните од МВР кои  ја исправија грешката. По интервенцијата,  одеднаш бројот на деца кои влегуваа во Македонија без родител или старател драстично се намали“, вели Дејан Кладарин  од УНХЦР.

Од таму велат дека и сега во Македонија има деца кои се непридружувани, но сите се згрижени.

На крајот на октомври годинава, Првата детска амбасада во светот Меѓаши алармираше дека во Транзитниот центар Табановце престојуваат деца кои се илегално влезени државата, немаат придружба и илегално престојуваат кај нас пред очи на полицијата и надлежните служби. При редовните посети што ги прават на Транзитниот центар Табановце, Меѓаши констатирале дека во континуитет имало најмалку по едно дете без придружба и со илегален статус. Едно такво дете беше откриено при нивната контрола во октомври. Најмалку четири дена престојувало во Транзитниот центар без старател. Детето доби старател и соодветна грижа откако во расчитување на случајот се вклучи Народниот правобранител, кому службите му објаснија дека не биле веднаш преземени пропишаните мерки оти немало социјални работници и преведувачи.

„Децата бегалци без придружба се лесен плен на криминални банди, изложени се на сериозен ризик од експлоатација, трговија со луѓе, злоупотреба на детски труд. За таквите криминални банди децата бегалци без придружба вредат милиони евра и чекаат момент како да стигнат до нив. Тие оперираат до транзитните центри и секаде каде има можност децата бегалци да се движат. Одговорните мора да бидат повнимателни, посебно во услови кога над 10.000 деца мигранти се водат како исчезнати“, вели  Гордана Пирковска Змијанац, основач на „Меѓаши“.

Извор: СДК.мк

сдк.мк - 6-та Звезда

0
Shares
  • 0
  • +
  • 0
0

Може да ве интересира

  • ИЧПКорупцијаМЕДИУМ – ГостиварМедиумиОбразованиеСКУП-МакедонијаЧовекови права

    Правен речник/поимник за корупција за истражувачко новинарство

  • 6-та ЅвездаСоцијална политикаЧовекови права

    ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ КОИ РЕДОВНО ВЕЖБААТ СЕ ПОЗДРАВИ

  • 6-та ЅвездаСоцијална политикаЧовекови права

    НОСЕТЕ ШАРЕНИ ЧОРАПИ И ШАРЕНИ НОКТИ, ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИ ДЕН НА ДАУНОВИОТ СИНДРОМ

СОРАБОТНИЦИ

Линкови

Алатки


Содржините на овој веб-сајт се објавени под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор - Без изведени дела 4.0 интернационално. Слободно може да ги користите и реобјавувате под следните услови: 1. да го наведете изворот (со линк кон веб-сајтот istrazifakti.org.mk) и 2. делата да ги преобјавувате во нивната интегрална форма, вклучувајќи ги сите линкови, како и информацијата за оградување од одговорност (дисклејмер) која се наоѓа на крајот на секој напис.